Во рамки на педесеттата седница на Советот на општина Охрид, која се одржа денеска беа усвоени сите 74 точки од дневниот ред.
Советниците ги изгласаа Предлог-oдлуките за усвојување на кварталните извештаите за работа во периодот 01.07. до 30.09.2024 година на сите општински јавни претпријатија, како и Предлог-одлуките за усвојување на кварталните извештаи за реализација на годишните и развојните програми на Општина Охрид за истиот период.
Советниците дадоа зелено светло за Нацрт општинските програми за 2025 година, развојните програми за 2025-2027 година, како и Предлог-одлуката за усвојување на Нацрт буџетот на општина Охрид за 2025 година.
Беа изгласани Предлог-одлуката за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид за продажба на движни ствари – возила како старо железо; Предлог-одлуката за давање согласност на одлуката за изменет годишен план за вработување за 2024 година на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид; Предлог-заклучокот за усвојување на информацијата за постапката за изработка и донесување на ДУП за УЗ 4, УБ 4.3, со цел прекинување на истата; Предлог-заклучокот за усвојување на информацијата за склучени договори за изработка и донесување на планови, со цел прекинување на истите.; Предлог-одлуката за измена и дополнување на Правилникот за критериумите и постапката за доделување на еднократна парична помош на физички лица. ; Предлог-одлуката за уредување на начинот на користење и управување со големата сала на општина Охрид. ; Предлог-одлука за примање на донација од Друштво за трговија и услуги ТАВ Македонија ДООЕЛ Мралино, Илинден.
Исто така, советниците ги усвоија и Предлог-одлуката за измена и дополнување на Одлуката за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.5563/2, Кп.бр. 5593/2, Кп.бр.5593/6, Кп.бр.6470/2, Кп.бр.5583/9, Кп.бр.5583/10, Кп.бр.6470/2 сите во КО Охрид 4.; Предлог-одлуката за донесување урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела ГП 14 во ДУП за деловно станбена зона „ЗАПАД“ – Охрид.; Предлог-одлуката за донесување урбанистички проект со план за парцелација за ГП 2.5.61 и ГП 2.5.62 од ДУП дел од УЗ 2 дел од УБ 2.5 – опфат 1, општина Охрид и Предлог-одлуката за донесување урбанистички проект со план за парцелација за ГП 2.79 и ГП 2.80 во ДУП УЗ 6, УБ 6.2 – опфат 1, Охрид со намена А2 – домување во згради, Општина Охрид.
The post ЗАВРШИ ПЕДЕСЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД first appeared on Ohrid.gov.mk.