Заврши меѓународниот фолклорен фестивал „Рудина фест“

rudina fest
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со доделувањето на признанијата на најуспешните учесници, во Гостивар заврши третото издание на ревијалниот меѓународен фолклорен фестивал „Рудина фест“. Синоќа на завршниот настан од четиридневниот фестивал, фолклористите настапија на градскиот плоштад и ги претставија подготвените кореографии пред публиката.


Годинава на фестивалот учествуваа 15 групи од осум земји: Мексико, Чиле, Полска, Кипар, Украина, Грузија, Косово и Македонија кои од 20 јули престојуваа во земјава.

Уметничкиот директор на фестивалот, Берат Џелили, напомена дека фестивалот го следеа претставници на ЦИОФФ Македонија и професионално жири, со оглед дека „Рудина фест“ е влезен во календарите на настани меѓународната асоцијација.

Изминатите денови, фолклористите настапија и во селата Чегране и Форино пред тамошните жители.

Фестивалот „Рудина фест“, го носи името по месноста на која во 1999 година беше сместен кампот за бегалци по косовската криза и во еден период таму престојуваа близу 40 илјади лица.

Заврши меѓународниот фолклорен фестивал „Рудина фест“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK