Заврши Буџетски форум во општина Струмица 2024/2025 година

d7bc3b56-741d-4fdf-8671-c7eb8f3370c7.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Струмица безбеден град, нова населба во Турско маало 3 фаза и реконструкција на Домот на култура во населеното место Банско, ова се трите приоритетни проектни иницијативи кои добија најмногу бодови од учесниците на годинашниот Буџетски форум во општина Струмица 2024/2025 година, кој синоќа заврши со одржувањето на втората сесија во просториите на Младинскиот центар.

Од вкупно предложените 6 проектни иницијативи од страна на граѓаните од урбаните и месните заедници, претставниците на невладиниот и бизнис секторот и општинската администрација, проектната иницијатива за Струмица безбеден град  доби најмногу 94 бодови, нова населба во Турското маало 3 фаза доби 76 и  иницијативата за реконструкција на Домот на културата во Банско доби 62 бодови.


За градоначалникот Костадин Костадинов Буџетскиот форум е благодет за општина Струмица.

-Преку овој Форум сакаме да ја зголемиме партиципативната демократија на локално ниво во општина Струмица каде што граѓаните директно можат да предлагаат приоритетни проекти коишто ќе бидат составен дел на Буџетот за 2025 година. Во изминатите години многу добри иницијативи произлегоа токму од овој Форум, граѓаните многу добро знаат што им треба и на кои проекти треба да се даде приоритет во новата буџетска година, а тоа впрочем и се гледа во Струмица, новиот јавен превоз, фотонапонските централи за коишто ЈПКД „Комуналец“ распиша јавна набавка, новиот парк, велосипедските патеки, сето тоа е призвод на граѓаните и невладиниот сектор и тоа преку овие форуми на заедниците коишто се благодет за општина Струмица, рече градоначалникот Костадинов.

Ваквиот начин на креирање на буџетот во кој граѓаните имаат активно учество, е уште една потврда за транспарентното и отчетно работење на градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица.

The post Заврши Буџетски форум во општина Струмица 2024/2025 година appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK