Во населеното место Негорци, заврши изградба на нова пешачка патека заедно со атмосферски систем за одведување на дождовните води во должина од 550 м., на потегот кон селото Прдејци.
По успешната реализација на овој инфраструктурен проект, беше извршен увид на терен од страна на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Новоизградената пешачка патека значително ги унапредува условите за безбедно и непречено движење на оваа делница. Дополнително, на одредени делови е извршено и проширување на коловозот, со што се подобрува одвивањето на сообраќајот и се зголемува безбедноста.
Како што информираше Сарамандов, проектот беше инициран од жителите на Негорци и е реализиран согласно нивните приоритети, најавувајќи дека локалната самоуправа и во наредниот период ќе продолжи со реализација на активности во сите населени места, со цел создавање поквалитетни услови за живот на сите граѓани.