Денес во Конгресниот центар во Охрид, започна четиридневната Меѓународна Конференција на Друштвото на физичари на Македонија. Во името на градот домаќин, пред присутните се обрати заменик градоначалникот Ана Крстеска.
– Во името на градот домаќин и во свое лично име, Ви посакувам пријатен престој во Охрид и успешна и продуктивна работа. Уверена сум дека преку презентациите на научните согледувања и дебати, во текот на овие четири дена, ќе придонесете за подобро разбирање на светот, а науката ќе биде ставена во служба на човештвото и неговиот одржлив развој.
Охрид, древниот Лихнидос, низ вековите бил крстосница на разни цивилизации кои оставале свои траги. Дел од тие траги видливи се и денеска и натаму предизвикуваат интерес кај науката, но и кај бројните домашни и странски туристи.Токму врз таа преплетеност на остатоците од минатото, културните и природните реткости,Охрид е претпознатлив во светот.
Вредностите на овој древен град, во осумдесетите години од минатиот век ги препознала мегународната стручна јавност и на нивни предлог Охрид и Охридското Езеро, како природно и културно наследство од светско значење се заштитени од УНЕСКО. Верувам дека и покрај обврските што ги имате на конференицијата, ќе најдете слободно време да уживате во магијата на нашиот град и да понесете драгоцени спомени – истакна Крстеска.
На конференцијата учествуваат над 80 реномирани научници од Македонија и светот.
The post ЗАПОЧНА 15 МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ДРУШТВОТО НА ФИЗИЧАРИ НА МАКЕДОНИЈА first appeared on Ohrid.gov.mk.