За 7 Ноември пречек на збратимените и пријателски општини и полагање цвеќе пред спомен-обележјата


1.6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Гевгелија, на самиот ден, го одбележа Општинскиот празник- 7 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со повеќе свечени активности. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, ги пречека делегациите од збратимените и пријателски општини. Годинава, на седмоноемвриското чествувањето се приклучија: Јабланица (Босна и Херцеговина), Гвозд и Копривнички Иванец (Хрватска) и Парачин (Србија), кои со своето присуство го потенцираа долгогодишното пријателство и соработка.

За време на приемот во просториите на Општината, делегациите разменуваа пригодни подароци, како симбол на долгогодишното пријателство и соработка. Градоначалникот Сарамандов истакна дека овие врски се важни не само за културната и историската размена, туку и за економската соработка и продлабочување на заедничките проекти што ги поврзуваат граѓаните.


По приемот, следеше свечено полагање свежо цвеќе пред спомен-обележјата на повеќе локации во градот, каде учествуваа претставници на Општина Гевгелија, Советот на Општина Гевгелија, политички партии, граѓански организации и граѓани, oддавајќи им почит на сите кои го дале својот живот за слободата на Гевгелија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK