За 2.391.861 денари, зголемен Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година

462546447_1263305641400741_2748092922690437830_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година од вкупниот износ 675.624.546 денари е зголемен за 2.391.861 денар. Со измените и дополнувањата, усвоени на 51. седница на Советот на Општина Гевгелија, вкупниот износ на Буџетот е утврден на 677.730.678 денари. Зголемувањето на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година се однесува на зголемувањето буџет на дотации во износ од 1.937.000 денари (приходи од блок-дотации, N1- Основно образование и N2- Средно образование) и буџет на дотации за 454.861 денар- донации од странство за добиени проекти.

Со измените и дополнувањата во Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година, капиталните приходи во вкупната структура учествуваат со 32.794.763 денари или 4,84%, додека капиталните расходи со 18,89% или 127.989.200 денари. Основниот буџет изнесува 301.040.568 денари или со учество од 44,62% во вкупниот Буџет (677.730.678 денари). Во Основниот буџет, капиталните приходи изнесуваат 32.794.763 или 10,89%. Додека, 32,61% припаѓаат на капиталните расходи или 98.167.467 денари, што е показател за задржување на развојната компонента на Општина Гевгелија преку извршувањето на Општинскиот буџет за 2024 година.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK