Започнаа подготовките за ставање втор слој асфалт на дел од улицата „Цветан Димов“, на потегот околу спортските терени.
Опфатениот дел е со должина од околу 200 метри и ширина на коловозот од шест метри. Овој инфраструктурен зафат е согласно планот на општина Струмица за реализација на Програмата за улици со втор слој асфалт за 2025 година.
Поради асфалтирањето, сообраќајот на овој дел од улицата ќе се одвива со прекини и во отежнати услови, за што се замолуваат граѓаните за разбирање и почитување на времениот режим.
The post Втор слој асфалт ќе се става на дел од улицата „Цветан Димов“ appeared first on Општина Струмица.