Нови контејнери за електронски отпад се поставени на 12 локации во Велес.
Како што информира градоначалникот на Велес Марко Колев во соработка со компанијата „НУЛА ОТПАД“ од Скопје во наредниот период во градот ќе се постават дополнително уште 12 вакви контејнери за собирање и понатамошно рециклирање на електронскиот отпад.
-Здравата животна средина е наше право, но и обврска. Да ја чуваме. Затоа вашиот стар електронски отпад не го расфрлајте во и околината на градот и насекаде во природата, туку одложете го во овие контејнери наменети токму за стар електронски отпад, порачува Колев.