Во штипскиот Центар за култура отворена изложбата „Надреализмот како личен израз“

stipski centar za kultrura
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Отворена е третата по ред изложба со наслов „Надреализмот како личен израз“ во „Галерија 22“ при Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Во наредните десетина дена граѓаните може да ги видат необичните слики насликани од децата кои се дел од Ателјето при домот на култура, од малата и големата група. Верица Наумова која го раководи ликовното ателје при Центарот за култура „Ацо Шопов“ вели темата е надреализам со цел децата да може да покажат својот израз во цртањето.


-Оваа изложба е трета по ред и е насловена „Надреализмот како личен израз“. Првата слика на учениците се викаше Цвеќиња, втората Мојот град и ова е надреализмот како личен израз. Учениците сами ја одбраа оваа тема бидејќи ние до сега повеќе бевме фокусирани на ликовните елементи и принципи, го изучувавме фигуративното сликарство. Овде има 17 слики направени со акрилни бои и го изразуваат нивниот личен израз, вели Наумова.

За поголем дел од учениците ова не е прва изложба на која зеле учество. Преку вакви и слични изложби се остварува основната цел на ликовното ателје при Центарот за култура, а тоа е афирмирање на уметноста и младите таленти, како и изучување на нови сликарски техники.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK