Во општина Бутел се отстрануваат паднатите дрвја и наноси од невремето

butel_nevreme_676776
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Општинскиот кризен штаб во општина Бутел работи на терен на расчистување на последиците од невремето и обилните врнежи кои ја зафатија општина Бутел.

-Екипите на општината се во целосна координација со МВР и ЕВН. Општинските работници работат на најкритичните места и расчистување на паднатите дрва и наносите. На терен работи и целосната механизација со која располага Општина Бутел, информира градоначалникот Дарко Костовски, во објава на Фејсбук.


Апелира граѓаните на Општина Бутел да останат смирени и посочува дека сите штети ќе бидат санирани.

Отворен е телефонски број на кој граѓаните на Општина Бутел можат да пријават последици од невремето. Ќе се продолжи со работа и во ноќните часови се до нормализирање на состојбата, посочува Костовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK