Вкупно 107 пријави доставиле граѓаните до општинскиот сервис „Систем 48“ во текот на месец февруари. Најголем број од пријавите, 78 се за уличното осветлување, 12 пријави се за собирање смет, 3 за општинските инспекциски служби, 10 за водовод и канализација,1 пријава за улици, патишта и тротоари и 3 за паркови и зеленило. Од вкупниот број на пријави 107, се решени 84, а останите се во фаза на решавање од надлежните општински служби. Од „Систем 48“ им благодарат на граѓаните за користењето на услугите на овој општински сервис и ги потсетуваат на бесплатните телефонски броеви 080014848 и 076484848 на кој можат да ги пријавуваат комуналните проблеми со коишто се соочуваат.
The post Во февруари се решени 84 проблеми на граѓаните преку „Систем 48 appeared first on Општина Струмица.