Во Делчево одржана обука за презентација на Бесплатна правна помош во рамки на смарт-проектот „Инспекторатите во служба на граѓаните“

delcevo_435345345
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во Делчево се одржа обука за презентација на Бесплатна правна помош како дел од смарт-проектот на Невладината организација „КХАМ“ Делчево „Инспекторатите во служба на граѓаните“. Освен начините на  изработка на правни артикли или правни поднесоци до институциите, како што истакна координаторот на проектот Зоран Биковски, граѓанските организации и учесници на денешната обука имаа можност да се запознаат со своите права за беслатна правна помош и како да ги искористат.

-Согласно нашите истражувања дури 75 проценти од граѓаните немаат информација дека воопшто  во Делчево постои канцеларија за Бесплатна правна помош, а дури 60 проценти од младите велат дека доколку имаат проблем не би го адресирале истиот и би ги оставиле своите родители да ја „бркаат“ работата. Ова не мотивираше пред се да ги зајакнеме капацитетите на граѓанскиот сектор кој треба да научи што е тоа Бесплатна правна помош, во кој случај се добива примарна, а во кој случај секундарна, односно адвокатска правна помош, да знаат кому и како да се обратат и кој е периодот  за да чекаат одговор, рече Биковски.


Упати апел до испекторатите и инспекциските служби да се отстранат бариерите запристап до правда.

-Она што е важно да го напрвата е над секој инспекторат или институција да има видлив наслов на истата, контакт телефон, службен телефон, емаил адреса, односно да не постои физичка бариера за пристап до правда и да бидат достапни до граѓаните. Она што исто така разочарува е што само 25 проценти од лицата кои поднеле претставка и барале или се обратиле за помош до инспекциските служби, истите добиле одговор, додаде Биковски.

Според него ваквите работилници се чекор напред кон сеопшта мобилизација и очекува  граѓанските организации и граѓаните да ги надминат самите бариери, а  инспекторатите да бидат отворени и да бидат во служба на самите граѓани.

Проектот „Инспекторатите во служба на граѓаните” се реализира со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. Невладината организација КХАМ од Делчево истиот го имплементира преку Центарот за промоција на Цивилното друштво (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) како дел од регионалниот проект СМАРТ Балкан Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK