Во Дебар почна традиционалниот турнир во мал фудбал

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Под покровителство на општина Дебар почна традиционалниот турнир во мал фудбал.

Натпреварите се одржуваат во големата спортска сала а во трката за годинешниот трофеј се 12 екипи. Финалниот натпревар ќе се одржи на 11 месецов во 21 часот.



Турнирот кој е во рамки на повеќето предвидени активности од манифестацијата “Дебарско лето 2023”,  за отворен го прогласи градоначалникот Хекуран Дука.

– Топол и искрен поздрав до  публиката и сите учесници.  Порачувам натпреварите да минат во спортски  дух и нека победи најдобриот во фер натпреварување. Како локална власт ветувам дека ќе продолжиме да ја поддржуваме оваа, но и сите спортски и културни активности, рече меѓу другото Дука.

Посебна благодарност,  за присуството на трибините, упати до иселениците кои се тука во родниот крај, каде ги минуваат одморите.

Ова е последователна спортска активност во градот, во рамки на “Дебарско лето 2023”.

Претходно се одржа тенискиот турнир, на кој во конкуренција на 22 натпреварувачи најдобар беше и пехарот го доби Емин Врзиволи, познат стоматолог од Дебар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK