Во битолското средно земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ во прва година запишани само шест ученици

kuzman-bitola
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во битолското средно земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“, во првиот уписен рок кој заврши на 30 јуни, во прва година запишани се само шест ученици.

Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, за земјоделското училиште во Битола беа огласени 34 слободни места за една паралелка од земјоделско-ветеринарна струка, а интерес за упис потврдиле само шест ученици кои завршиле основно образование.


Слободни непополнети места останаа и во другите битолски средни училишта затоа што во гимназијата „Јосип Броз Тито“ беа огласени 180 места, а запишани се 154 ученици, во средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ беа огласени 259 места, а запишани се 205, додека во СОУ „Таќи Даскало“ беа огласени 485 места за паралелки на македонски наставен јазик и 68 места за паралелки на албански наставен јазик, а по двете пријавувања од првиот уписен рок, се запишале вкупно 203 ученици или само 36 насто од вкупниот капацитет на училиштето.

Слободни места за средношколските клупи во Битола првпат оваа година останаа и во средното економско училиште каде во моментов запишани се 154 ученици, а беа огласени 170 слободни места, како и во средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ каде иако беа огласени 254 слободни места, во двата уписни рока запишани се 198 ученици.

Раководителите на битолските средни училишта очекуваат во вториот уписен рок, кој ќе биде организиран во првата половина на август, да се подобри уписната слика која значително е влошена со иселување на цели семејства од земјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK