Велес ќе го одбележи празникот и заштитник на градот „Св.вмч.Пантелејмон“

veles
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пресрет на празникот и заштитник на градот  Св вмч. Пантелејмон, Општина Велес и Повардарската православна eпархија вечер ќе го започнат чествувањето со богата програма која ќе се одржи во велешкиот соборен храм „Св.вмч Пантелејмон“ со почеток во 18 часот.

Чествувањето ќе почне со Вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува митрополитот Повардарски Агатангел, а ќе има и поклонение пред централната икона на патронот во црквата која е дело на големиот градител на цркви Андреја Дамјанов.


Воедно ќе биде промовирана и монографијата „Архитектурата и сликарството во црквата Св вмч Пантелејмон од Андреја Дамјанов“ од проф Велика Ивковска. Настап ќе има  и црковниот хор  „Св вмч Пантелејмон“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK