– По повод празникот „Св Вч Пантелејмон“ во истоимениот соборен храм во Велес денеска света празнична и архиерејска литургија отслужи митрополитот Повардарски Агатангел во сослужение со правосавите свештеници од Епархијата, на која присуствуваа голем број православни верници од градот.
Прославата на празникот започна синоќа со вечерна богослужба и поклонение пред централната икона на патронот во црквата Св.Пантелејмон која е дело на големиот градител на цркви Андреја Дамјанов.
Воедно беше промовирана и монографијата „Архитектурата и сликарството во црквата „Св вмч Пантелејмон од Андреја Дамјанов“ од проф Велика Ивковска. Настап имаше црковниот хор „Св вмч Пантелејмон“.
Во беседата пред орисутните митрополитот Повардарски Агатангел потеницира дека велешкиот храм Св. Пантелејмон има поминато низ многу радости и болка.
– Многу радосни песни се имаат испеано бидејќи многу деца се имаат крштевано, многу младенци се венчале. Но се прелеале и многу солзи бидејќи многу наши браќа и сестри од него биле испратени во вечноста. Да можат само камењата да зборуваат од гробот, само тие ја чуваат историјата, болката, но и радоста. А каменот знае и да плаче и да пее. Мајсторите кои работат со камен велат дека кога го чукаме и го припремаме за да го поставиме на ѕидот тој плаче бидејќи го тепаме, но кога го местиме на ѕидот посебно кога градиме црква тој пее. Така и овие наши камења излижани од нашите претци и од нас Македонците од изградбата се досега, можат многу да кажат и за болката и за тагата. Затоа драги мои да си ја чуваме црквата, да си ја чуваме државата, да се гушнеме еден со друг и да не неседнуваме на лагите и манипулациите и интригите на сите оние кои сакаат да не преварат, за да ни ја свиткаат кичмата и повторно да го чувствуваме камшикот и болката на нашите плеќи, порача владиката Повардарски Агатангел.