Утре (26 декември), Советот на Општина Гевгелија ќе расправа по Предлог-Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година

462544130_8630596167005998_4190479581174215374_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утре (26 декември 2024 година), Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 55. седница, на којашто ќе расправа по Предлог-Буџетот на Општина Гевгелија, повеќе буџетски Програми, и Финансиските планови на образовните и културните институции и ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2025 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа на 55. седница на Советот на Општина Гевгелија, е предвиден следниот дневен ред:

1. Предлог-Одлука за пренамена на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година,


2. Предлог-Буџет на Општина Гевгелија за 2025 година,

3. Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 годинa,

4. Предлог-Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници вработени во Општина Гевгелија за 2025 година,

5. Предлог-Буџетски календар на Општина Гевгелија за 2025 година,

6. Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2025 година,

7. Предлог-Програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските улици и патишта во општина Гевгелија за 2025 година,

8. Предлог-Програма за работа во областа на располагањето со градежното земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Гевгелија за 2025 година,

9. Одлука за обезбедени средства во Буџетот на Општина Гевгелија наменети за надоместок за експропријација на недвижен имот за изградба на објекти од јавен интерес од локално значење за 2025 година,

10. Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2025 година,

11. Предлог-Програма за финансирање, одржување и заштита на објекти од културно наследство, споменици и други објекти во општина Гевгелија за 2025 година,

12. Предлог-Програма за поставување урбана опрема на подрачјето на Општина Гевгелија за 2025 година,

13. Предлог-Програма за одржување на јавното осветлување во општина Гевгелија за 2025 година,

14. Предлог-Програма за активностите на општина Гевгелија во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и прекуграничната соработка за 2025 година,

15. Предлог-Програма за активностите на општина Гевгелија во областа на Фондацијата за локален развој и развој на информатичките технологии (ФЛОРИТ)- Гевгелија за 2025 година,

16. Предлог-Програма за активна транспарентност во Општина Гевгелија за 2025 година,

17. Предлог-Програма за заштита и спасување и справување со кризи на подрачјето на општина Гевгелија за 2025 година,

18. Предлог-Програма за активностите на Општина Гевгелија во областа на социјалната заштита за 2025 година,

19. Предлог-Програма за активностите на Општина Гевгелија во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2025 година,

20. Предлог-Програма на Општина Гевгелија за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во општина Гевгелија за 2025 година,

21. Предлог-Програма за активностите на Општина Гевгелија во областа на образованието за 2025 година,

22. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Гевгелија за 2025 година,

23. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2025 година,

24. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2025 година,

25. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2025 година,

26. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2025 година,

27. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за 2025 година,

28. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2025 година,

29.Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на JOУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2025 година,

30. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на JOУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2024 година,

31. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на JOУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2025 година,

32. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на JOУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2025 година,

33. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на JOУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2025 година,

34. Информација за активностите на ТППЕ- Гевгелија за периодот јануари-ноември 2024 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK