Успешно реализирана акцијата за пошумување во Гевгелија: Засадени над 5.000 дрвца багрем и чемпрес кај „Топлик“

468184094_579793927771974_4733485216396493195_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со масoвен одзив на граѓаните, Општина Гевгелија покажа дека се грижи за заштита на животната средина и обновување на зелените површини со реализацијата на акцијата за пошумување „Да пуштиме корени во нашата Гевгелија“. Во близина на месноста „Топлик“, Општина Гевгелија во соработка со ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, Шумско стопанство „Кожуф“ и ОО Црвен Крст од Гевгелија и со голем број волонтери- претставници на Советот на Општина Гевгелија, државните и локалните институции и граѓанскиот сектор, успешно ја спроведе акцијата за садење на над 5.000 дрвца- багрем и чепмпрес. На акцијата, покрај градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, учествуваше и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Ане Лашковска.

Градоначалникот Сарамандов изрази голема благодарност до ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, Шумско стопанство „Кожуф“ и Црвен Крст од Гевгелија, како едни од двигателите со особен придонес во делот на организација на акцијата за пошумување, како и до сите граѓани кои сплотено учествуваа во неа.


– Гевгеличани масовно сплотени покажаа дека градот се сака со конкретни дела. Заштитата на животната средина е важен сегмент за здрава средина. Заедно со заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, граѓански организации, јавни институции, спортски клубови и голем број наши сограѓани, се вклучивме во денешната акција за садење над 5.000 садници- чемпрес и багрем на локалитетот „Топлик“. Ова е поттик за сите нас, ваквата иницијатива да прерасне во традиција и да се случува често- истакна Сарамандов.

Имено, оваа акција којашто има тендеција да прерасне во традиција, има за цел да го надомести недостигот и намалувањето на шумската маса поради преголемата суша и предизвиканите пожари на подрачјето на општина Гевгелија, но и да ја подигне јавната свет за важноста на зелените површини и нивната улога во животната средина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK