Ученици од Италија, Турција, Чешка и Романија во Кавадарци преку проект против насилство

kavadarci
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ученици од Италија, Турција, Чешка и Романија престојуваат во Кавадарци, преку проект против насилство, денеска тие беа во посета на Општина Кавадарци и на средба со градоначалникот Митко Јанчев.

-Станува збор за проект против училишното насилство во кој партнери се Совет за превентива против малолетничка деликвенција од Кавадарци, а координатор на проектот е карибската земја Мартиник. Овој проект траеше три години и тоа првиот состанок се одржа во Романија каде беа договорени идните активности, а обуката со групи на деца беше во Истанбул, Турција. Втората работилница се одржа во Мартиник, Карибите,  а денес во Кавадарци се одржа последната средба и со тоа овој проект завршува, појаснија од кабинетот на Јанчев.


Оттаму нагласија дека целта на проектот беше преку различни обуки, културни работилници, дебати, спорт, уметност, младите да го препознаат насилството и да се борат против него.

Проектот се реализира за младите да развијат толеранција, почит и љубов..

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK