Традиционална Петровденска средба на поетите од државата во Кочани

petrovenski sred bi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Традиционална Петровденска средба на поети од целата држава се одржа денеска на локалитетот „На дабот“ кај кочанското село Бели, а организатор беше литературниот клуб „Копнеж“ во состав на библиотеката „Искра“.

Поетската средба е продолжување на поранешната културна манифестација „Петровденски конаци“, како дел од програмата на Општина Кочани за одбележување на празникот на градот – Петровден.


-Со оглед што одбележувањето на Петровден во Кочани трае во текот на целата недела, оваа активност претставува завршница на програмските активности за овогодишното празнување. Имаме педесетина поети и гости од литературните клубови од Штип, Велес, Струмица, Куманово, Прилеп и другите градови, кои се претставуваат со авторска поезија по повод празникот, но темата на која твореа беше слободна. Се работи за традиционална годишна средба на поетите од државата и таа се одржува во различни градови, а Петровден беше повод сега ние да бидеме домаќини, истакна Раче Мицов, претседател на литературниот клуб „Копнеж“.

Гости на Петровденската поетска средба беа и членови на Афористичката репрезентација на Македонија, кои се претставија со најнови афоризми поврзани со актуелните дневно-политички случувања и за релациите маж – жена.

Во културно-забавниот дел на поетската средба учествуваа фолклористите од Ансамблот за традиционална музика и игри „Митко Алексов“ од Кочани, кои настапија со повеќе изворни песни и ора од Осоговијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK