Традиционална честитка од дечињата во ЈОУДГ „Детска радост“ за Општинскиот празник – 7 Ноември


576767834_833330662418298_9189367165107734448_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија, најмалите граѓани- дечињата со директорката на ЈОУДГ Детската градинка „Детска радост“- Гевгелија, Митра Митревска и своите воспитувачки беа во посета на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Дечињата, дел од традиционалната празнична честитка, со своите насмевки и песни го честитаа празникот на градот и на градоначалникот Сарамандов му подарија рачно изработена слика со грбот на Општина Гевгелија, направена од воспитувачките. Овој гест ја изразува радоста и креативноста на најмалите и ја потврдува нивната инспиративна улога во заедницата.

Градоначалникот ја искажа својата благодарност за топлиот и креативен поздрав, истакнувајќи дека вложувањето во образованието и воспитниот процес на најмладите е најважната инвестиција за иднината на општината. Голема благодарност беше упатена и до целиот тим на Детската градинка „Детска радост“ за нивната посветеност и љубов кон децата.


Празникот 7 Ноември продолжува со културни и свечени активности, а радоста и креативноста на најмалите уште еднаш потврдуваат дека младоста е иднината на Гевгелија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK