„Топлик“ уреден во спортско-рекреативен центар

470571754_595462396205127_721485457425652812_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со изградбата на месноста „Топлик“ во спортско-рекреативен центар, општина Гевгелија доби уште еден простор за спорт, одмор и рекреација на сите граѓани. Завршувањето на градежните работи за изградба на спортско-рекреативниот центар беше означено со свечено пуштање во употреба.

Проектот опфати поставување урбана опрема, односно спортско-рекреативниот центар кај месноста „Топлик“ располага со летниковци, клупи и масички за седење и корпи за отпадоци. Уредени се патеки за рекреација и поврзување на просторот, а е осветлен со канделаабри на сончева енергија.


Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна дека реализирано е уште едно ветување од предизборната програма во 2021 година, поради потребата од повеќе рекреативни содржини за поквалитетен живот на граѓаните на општина Гевгелија. Исто така, ги покани сограѓаните да го посетат новиот парк и апелираше за совесно однесување при користењето со цел зачувување на ова ново прекрасно катче.

Уредувањето на месноста „Топлик“ во спортско-рекреативен центар се реализираше преку Проектот: „Зајакнување на општинските совети- Фаза 2“, а импплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации- УНДП, а финансиски поддржан од Швајцарската влада, Министерството за локална самоуправа и Општина Гевгелија. Вкупниот износ на овој проект изнесува 5.171.865 денари, од коишто 3.959.526 денари се грант од УНДП, а 1.959.526 денари се сопствено учество на Општина Гевгелија.

По изградбата, во Општина Гевгелија се одржа и последната 5. Форум на заедницата, на којашто се презентираа реализираните активности за инфраструктурниот проект, којшто беше одбран како приоритетен од страна на граѓаните- учесници на четирите форуми во заедницата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK