Тони Коњановски: Нови инвестиции за подобрување на условите во медицинското училиште во Битола

konjanoski 2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети општинското средно медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“, каде имаше средба со директорот на училиштето, Горан Талевски, и вработените. На средбата беа разгледани новите инвестиции кои ќе започнат со почетокот на новата година, а активностите за реализација веќе се во тек.

Како дел од овие инвестиции, започна реконструкцијата на спортската сала во училиштето. Демонтирани се стариот инвентар и справи за вежбање, а ќе се инсталира нов, висококвалитетен спортски под, специјално дизајниран за кошарка, ракомет и одбојка. Вкупната инвестиција за реконструкцијата на спортската сала изнесува 5.642.406 денари, а дополнително ќе се изврши интервенција на кровната конструкција во износ од 306.800 денари. Работите се планираат да бидат завршени до крајот на февруари.


Исто така, започна и реконструкцијата на наставничката канцеларија, за која е предвидена сума од 535.725 денари, а работите треба да завршат до крајот на месецот.

„Овие проекти се важни за подобрување на условите за учење и спортски активности на учениците. Ваквите инвестиции се дел од заложбите на локалната самоуправа за создавање на подобри услови во образовниот систем,“ изјави градоначалникот Коњановски.

Општина Битола продолжува со вложувања во образованието и спортот, со цел да им се обезбедат најдобри услови на младите генерации.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK