Заловувачкиот тим на ЈП Лајка од денеска до 28 јули ќе започне со стратешко заловување кучиња во општина Ѓорче Петров, поточно, во реоните: Ѓорче Петров, Ѓорче 2, Даме Груев, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука …
Од ЈП Лајка информираат дека заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне во овие реони, а го нема поминато хуманиот третман.
-Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите да се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или да пријават на [email protected], велат од ЈП Лајка.