Талентираните ученици од основните и средните училишта од општина Струмица денеска ги добија сертификатите за стипендиите, доделени од страна на Општина Струмица и Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“.
На свеченоста која се оджа во струмичкиот Младински центар, беа доделени 51 сертификат за исто толку стипендии од Општина Струмица, од кои 23 на редовни ученици во средните училишта и 28 стипендии на редовни ученици во основните училишта.Дополнително, Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ додели 23 сертификати за стипендии, и тоа на 10 средношколци и 13 основци.Добитниците на стипендиите, според условите и критериумите пропишани во Јавниот повик, во текот на изминатата учебна година постигнале значајни резултати, освојувајќи награди на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари.Стипендиите за средношколците изнесуваат 2.500 денари, а за основците 2.000 денари, во времетраење од 9 месеци, колку што трае една учебна година. Импонира фактот дека годинава беше постигнат рекорден број на пријавени ученици за добивање стипендии, што отвора можност веќе следната година бројот на стипендиите повторно да се зголеми.
The post Талентираните ученици од основните и средните училишта од општина Струмица денеска ги добија сертификатите за стипендиите appeared first on Општина Струмица.