Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ четириесет и седмата седница на Советот на општина Охрид на ден 31.10.2024 година (четврток) со почеток во 09:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 45-та седница и Записникот од 46-та седница
Предлог-одлука за усвојување на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух во општина Охрид за период 2023-2027 година.
Предлог-одлука за определување и исплата на парична награда на учесници во гаснењето на летните пожари на подрачјето на општина Охрид.
Предлог-oдлука за донесување на буџетскиот календар.
Предлог-одлука за објавување јавни повици за избор на членови во Управни и Надзорни одбори на Јавните претпријатија основани од општина Охрид.
Предлог-одлука за прифаќање иницијатива за експропријација на градежно земјиште на дел од КП.бр.10808/1 КО Охрид 2.
Предлог-одлука за измена и дополнување на одлуката за прифаќање иницијатива за експропријација на градежно земјиште – КП.бр.11916/1 и други во КО Охрид 3.
Предлог-одлука за донесување техничка исправка во табеларен приказ за нумерички податоци за ГП 8.14 и ГП 8.15 во ДУП за дел од месна заедница „Гоце Делчев“ – Болнички комплекс, Блок 8 – Охрид, општина Охрид.
Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација ГП 9, ГП 14 и ГП 15 формирани во ДУП за дел од МЗ „Гоце Делчев“ – Болнички комплекс во КО Охрид 4, општина Охрид.
Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација ГП 15.20, ГП 15.21, ГП 15.38 и ГП 15.39 формирани во ДУП за УЗ 18, УБ 18.1 и дел од 18.2 „Чекоштина“ во КО Охрид 4, општина Охрид.
Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на ГП 1.30 во ДУП за Урбана заедница 2 дел од Урбан Блок 2.3 – опфат 1 – Охрид.
Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.869/1 КО Охрид 4, објект 1.
Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.915 и КП.бр.916 КО Охрид 4.
Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.962/1 и КП.бр.961 КО Оровник, објект 1 и објект 2.
Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1515 КО Лескоец, објект 1 и објект 2.
Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1661 КО Пештани.
Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.1802/1 КО Лескоец, објект 1.
Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на КП.бр.2477/1 КО Коњско, објект 3.
Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр.7085/4 КО Охрид 1, објект Е15.
СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Перчо Божиновски
The post СВИКАНА ЧЕТИРИЕСЕТ И СЕДМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД first appeared on Ohrid.gov.mk.