Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ЧЕТИРИЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
ЈА СВИКУВАМ четириесет и осмата седница на Советот на општина Охрид на ден 14.11.2024 година ( четврток ) со почеток во 09:00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записникот од 47-та седница
Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за заштита на животната средина и природата за 2024 година.
Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за спорт и рекреација за 2024 година.
Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2024 година.
Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2024 година.
Предлог-програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2024-2026 година (НА).
Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2024 година (Н2).
Предлог-програма за измени и дополнувања на развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2024-2026 година (НБ).
Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид во областа на детската заштита за 2024 година (В1).
Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита за 2024-2026 година (ВА).
Предлог-програма за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2024 година (Т1).
Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2024-2026 година.
Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за уредување на градежно земјиште во 2024 година.
Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата урбана опрема-изградба и одржување за 2024 година.
Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата други комунални услуги за 2024 година.
Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за јавно осветлување за 2024 година.
Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за одржување јавна чистота за 2024 година.
Предлог-програма за измени и дополнувања на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2024 година.
Предлог-одлука за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2024 година.
Предлог-одлука за долгорочно задолжување на Општина Охрид во рамки на Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП).
Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Неготино.
Предлог-одлука за формирање Комисија за селекција по јавен повик за избор на 1 (еден ) член на Управниот одбор и 1 (еден) член на Надзорниот одбор за контрола на материјалното и финансиското работење на ЈП Водовод – Охрид.
Предлог-одлука за формирање Комисија за селекција по јавен повик за избор на 2 (два) членови на Управниот одбор на ЈП „Охридски комуналец“-Охрид.
Предлог-одлука за формирање Комисија за селекција по јавен повик за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид.
Предлог-одлука за формирање Комисија за селекција по јавен повик за избор на 1 (еден) член на Надзорниот одбор за контрола на материјалното и финансиското работење на ЈП „Градски гробишта“-Охрид.
Предлог-одлука за формирање Комисија за селекција по јавен повик за избор на 1 (еден) член на Надзорниот одбор за контрола на материјалното и финансиското работење на ЈП „Нискоградба Охрид“-Охрид.
ОПШТИНА ОХРИД
ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
Број 08-13720/1
07.11.2024 год.
О х р и д
The post СВИКAНА ЧЕТИРИЕСЕТ И ОСМАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД first appeared on Ohrid.gov.mk.