Град Струмица ја препозна потребата од директна комуникација со граѓаните и зголемување на нивната активност на локално ниво. Во таа насока, изрази интерес за воспоставување единствена платформа за комуникација на територијата на градот. Овој Договор претставува имплементација на мобилната апликација City and Me на територијата на Струмица.
Апликацијата City and Me ќе развие локализиран модул за територијата на градот, кој ќе овозможи директна комуникација со граѓаните преку постоечките функционалности. Апликацијата ќе биде прилагодена на специфичностите на Струмица, за подобро корисничко искуство.
Платформата ќе обезбеди техничка поддршка, вклучувајќи одржување на апликацијата и серверите во оперативна состојба за време на траењето на Договорот. Покрај тоа, ќе се имплементираат нови подобрувања и функционалности, развиени од компанијата, кои ќе се однесуваат на имплементацијата на локално ниво.
По барање на Градот, ќе се развиваат нови модули и функционалности, со дефинирани услови во посебен Договор. Во соработка со Градот, ќе се поврзуваат партнери од приватниот сектор кои ќе понудат бенефиции за корисниците на апликацијата, како награди, подароци, попусти и слично, со можност за комерцијализација.
Општина Струмица е прва општина во државата која ја промовира апликацијата City and Me. Ние како град кој се стреми кон напредок и воведување нови технологии, не планираме да застанеме тука и се надеваме на долга заедничка соработка.
The post Струмица воведува иновативна апликација за директна комуникација со граѓаните appeared first on Општина Струмица.