Стојкоски: Вечна слава на македонските бранители!

stojkoski nena goran andrievski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со положување цвеќе на споменикот на македонските бранители во Волково, заедно со нивните семејства денеска одбележавме 23 години од згаснувањето на младите животи на нашите сограѓани кај месноста Љуботенски Бачила.

Го посетивме и спомен-одбележјето на Томислав Настески, како и Споменикот на бранителите во реонскиот парк.



Овие македонски синови зрачеа со ентузијазам дека доаѓаат подобри времиња за Република Македонија. Оставија цели семејства со мисла дека ќе се вратат и оти земјата ја чекаат добри денови.
Тој што ќе падне во борба за слобода, тој не умира.

Патриоти, чесни и храбри македонски јунаци. Општина Ѓорче Петров како локална самоуправа прави се што е во рамки на ингеренциите да им излезе во пресрет на семејствата на бранителите и нивните поколенија за да им се олесни секојдневието.

🙏Вечна слава на Ивица Златевски, Раде Јанковски, Томе Димоски, Томислав Настевски, Ацо Ангеловски, Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Марјанчо Бошковски и на сите македонски бранители кои одлучно застанаа во одбрана на својата земја и го положија животот за Република Македонија.
Сите даваме по нешто, а тие дадоа се. Никогаш да не се заборават!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK