Денеска се наоѓаме на локација во населбата Даме Груев, во Општина Ѓорче Петров заедно со претседателот Мицкоски и потпретседателот Мисајлоски, пратеникот Стојаноски и претседателот на Советот Ленче Нелоска и вработени во општината Ѓорче Петров, да извршиме увид во градежните активности кои што се одвиваат на сервисната улица долж улицата Шарпланинска.
Ова е улица која што ја користат луѓето во состојба, ваква каква што беше до сега негде 50 години, сега ме информираа негде 1983-1984 година изградена.
Ова место многу пати во минатото било ветувано дека ќе се направи, меѓутоа не се направи. Најдовме сили со сопствени средства, буџетски средства од општината да им излеземе во пресрет на овие граѓани за конечно и тие да добијат нормални услови за живеење.
Покрај оваа улица која што е во должина, негде приближно околу 500 метри, во наредниот ден во општината Ѓорче Петров ќе бидат изведени повеќе улици во различни населени места, вклучувајќи ги и месните заедници Дексион, Мирче Ацев, селото Никиштани, селото Волково, Стопански Двор, Ново Село. Значи повторно имаме една поголема градежна офанзива на терен, а дополнително на овие градежни активности во делот на инфраструктурата, исто така ќе се изврши реконструкција на неколку спортски игралишта на територија на општината Ѓорче Петров.
Продолжуваме интензивно и посветено да работиме за развој на општината во сите сегменти и така ќе продолжиме и понатаму. Се она што имаме во можност на располагање како општина, како буџетски средства, секогаш ќе ги искористуваме максимално во интерес на жителите на Ѓорче Петров.