– Од почетокот на годинава археолошкиот локалитет Стоби го посетиле над 9000 домашни и странски туристи.
-Археолошкиот локалитет Стоби ова лето е посетен од голем број од домашни и странски туристи. Го посетуваат и поединечно, а голем дел туристи во посета доаѓаат организирано во групи преку туристички агенции. Воедно има и голем број на странски и други делагации кои со голем интерес доаѓаат да го посетат Стоби. Голема е и посетеноста на туристи кои одат на одмор и кои се на пропатување низ земјава. Воедно има огромна посетеност и од македонски иселеници од Австралија, Америка, Канада и други земји кои во текот на летото се враќаат дома на одмор. Во текот на месеците април – мај најбројни се учениците кои доаѓаат со наставниците преку преку ученичките екскурзии. информираат за МИА од НУ Стоби.
Воедно тие очекуваат дека бројката од 18 илјади посетители колку што беше пред пандемијата годинава ќе биде надмината.
Туристичките водичи од НУ Стоби за МИА, информираат дека туристите со внимание сакаат да слушаат и прашуваат за многу детали и интересни приказни и објекти поврзани со Стоби.
Најинтересни за нив се Епископската базилика, Тетарот, Теодосијанската Палата, Библиотеката, Големата и Малата бања и Градската чешма, Куќата на псалмите и многу други објекти.
Археолошкиот локалитет Стоби работи секој ден и во деновите на викенд и празници.