Општина Новаци доби значајно унапредување на својот фудбалски стадион благодарение на донацијата од градежната компанија Стентон Градба. Компанијата донираше 500 нови седишта за трибините, во вкупна вредност од 10.000 евра, со што значително се подобрија условите за спортските натпревари и настани во општината.
Поставувањето на новите седишта претставува дел од иницијативата за модернизација на спортската инфраструктура во регионот, а локалните власти изразија благодарност за поддршката што ја добија од приватниот сектор.
Компанијата Стентон Градба ја истакна својата заложба за поддршка на локалните заедници и спортот, најавувајќи дека и во иднина ќе продолжи со вакви хумани и развојни иницијативи.
„За нас е чест и привилегија да дадеме свој придонес кон унапредување на спортските капацитети во Општина Новаци. Вложувањето во спортот значи вложување во иднината на младите генерации, а нашата компанија секогаш ќе биде поддржувач на вакви проекти“, изјавија од менаџментот на Стентон Градба.
Со оваа инвестиција, спортските ентузијасти во Општина Новаци добија подобрени услови за следење на натпреварите, што дополнително ќе придонесе за развојот и популаризацијата на фудбалот во регионот.