Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира дека денес започна голема акција за чистење на јавните површини од страна на ЈКП Гази Баба.
„Утрово од Автокоманда започна со реализација големата акција на ЈКП Гази Баба за чистење на јавните површини во општината.
Во рамките на акцијата ќе се изврши метење на улиците и тротоарите, косење на тревните површини, кастрење на дрвата, а на крајот ќе се пристапи и кон миење на улиците.
Во следните денови ваква акција ќе се реализира и во Железара, Маџари, Триангла, Кирил Петрушевски, Хиподром, Ченто и останати населени места.
Остануваме посветени кон тоа општина Гази Баба да има чисти јавни површини“, напиша Стефковски.