Стефковски: Гази Баба се сеќава, жртвите, хуманоста и солидарноста нема да се заборават

1-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес навршуваат осум години од големата поплава која ги погоди Стајковци и околните населени места од општина Гази Баба.



Како последица од истата, животот го загубија 22 жители на општина Гази Баба и беше нанесена сериозна материјална штета.

По повод годишнината од поплавата, се огласи градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

„Денес навршуваат осум години од катастрофалната поплава која ја зафати општина Гази Баба. 22 наши сограѓани ги загубија своите животи и болката по нив ќе трае засекогаш. Материјалната штета беше огромна. Домовите на жителите од Стајковци, Сингелиќ и околните населени места беа целосно уништени. Големата количина на вода за миг однесе се. Кога навидум се беше разрушено се виде светлото на крајот од тунелот. Многу општини и градови од Македонија, многу држави од светот, илјадници граѓани ја покажаа својата солидарност и хуманост кон нашата општина, нашиот дом. Како градоначалник на општина Гази Баба и денес изразувам благодарност до сите оние кои на било каков начин дадоа придонес во справувањето со последиците од поплавата“ напиша Стефковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK