SPEAK UP FORUM 3 – младинска работилница

IMG_7650.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Центар за климатски промени во соработка со Општина Куманово и УНИЦЕФ, денеска беше организатор на младинска работилница, во рамки на проектот “Младинска акција за чист воздух”, во големата сала на поранешен Комитет, Куманово.
На работилницата, учесниците ги претставија нивните барања за почиста животна средина, почист воздух и дискутираа за можна реализација на нивните идеи од повеќе аспекти, во соработка со општествените институции.
Проектот има за цел да ги изгради капацитетите на младите за лобирање и застапување, но и да ја поттикне младата популација да го крене гласот својот глас во борбата за чист воздух на локално ниво.
На настанот активно учествуваше претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска заедно со претставници од Одделението за заштита на животната средина и природата при Општината.


The post SPEAK UP FORUM 3 – младинска работилница first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK