Советот на Општина Берово додели финансиска помош за поплавените подрачја во Словенија

slovenija poddrshka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советот на Општина Берово на денешната седница, едногласно, со 15 гласови „за“, донесе Одлука за доделување финансиска поддршка од 200 000 денари за загрозените граѓани од поплавите во Република Словенија.

Средствата од изгласаната помош како што информираа од Општината ќе бидат уплатени на посебна сметка на Црвениот крст на РСМ наменета за помош на настраданото население во Словенија.


-Дополнително Општина Берово уште веднаш по поплавите понуди спремност за испраќање посебни тимови за помош и поддршка од локалната противпожарна територијална единица доколку тоа е потребно, истакнаа од Општината.

Словенските противпожарни друштва како што додадоа беа од огромна помош во огромните пожари пред две години во Малешевијата и таа помош и поддршка на словенскиот народ и граѓаните на Словенија малешевци никогаш нема да ја заборават.

Општина Берово ќе продолжи да ја следи состојбата во Словенија и доколку е потребно е спремна да понуди и други видови помош на своите словенски пријатели. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK