Група на ученици и наставници од Гимназијата се домаќини на Еразмус+ проектот – Environmental mathematics, кој ќе трае 18 месеци.
Проектните активности опфаќаат теми за заштита на животната средина, заштита на водените и копнени еко – системи и наоѓање на решенија за спречување на загадувањето, особено во населените места.
За таа цел учениците имаат изработено две презентации, кои ќе бидат основа за креирање на планови и решенија, на работилниците во рамки на проектот.
Денеска во Општина Куманово, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, заедно со раководителот на Сектор за образование, Александар Јовановиќ, ги примија учесниците на проектот, од средните училишта на Анкара (Турција), Букурешт (Романија) и од кумановската Гимназија “Гоце Делчев”.
Предвидена е посета на музеј на ЕВН на Матка, посета на културно – историски знаменитости на Скопјe, Охрид и прошетка до Свети Наум.
The post СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово започна нов Еразмус+ проект first appeared on Општина Куманово.