Сообраќајот кај Љубаниште сеуште се одвива наизменично

ljubanishte_@3423432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Сообраќајот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум кај селото Љубаниште се уште се одвива со наизменично пропуштање на возилата, соопшти денеска Авто мото сојузот на Македонија.

Синоќа овој дел го зафати невреме со дожд и град кое предизвика свлечиште на овој патен правец.


Раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Митко Темелкоски вчера во изјава за МИА посочи дека лизгањето на земјиштето настанало од краткото невреме со интензивни врнежи од дожд, кои нанеле големи количини земја и камења.

– Поради голема количина вода во кратко време, излеани се земја и поситни камења на патот. Екипи на Македонија пат и јавното претпријатие „Охридски комуналец“ се на терен и работат на расчистување на патот, изјави вчера Темелкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK