Со ребаланс на буџетот на општина Ѓорче Петров, обезбедени нови 31.547.450 денари за капитални инвестиции

rebalans-gorce-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На денешната седница на Советот на Општина Ѓорче Петров, мнозинството советници го усвои ребалансот на Буџетот на Општина Ѓорче Петров за 2024 година.


Со овој ребаланс, буџетот се проширува за 6.000.000,00 денари со што се обезбедуваат повеќе средства за граѓаните, како и за инфраструктурни и капитални проекти со кои се подобруваат условите за живот во нашата општина, велат од Ѓорче Петров.

Предвидени се 5.300.000 денари за тековно одржување на улици и патишта, 4.000.000 денари за инвестиции во улично осветлување, 2.000.000 денари за реконструкција на азбестен кров во ООУ “Страшо Пинџур” и 3.000.000 за чистење и одржување на каналите за наводнување;

Воедно и дополнителни 4.000.000 денари за рехабилитација на улици и патишта, 3.000.000 денари за проектирање и планирање на нови капитални проекти, 10.000.000 денари за изградба и реконструкција на спортски и детски игралишта, 7.000.000 денари за набавка на софтвер за пресметка на даноци и ГИС софтвер за дигитализација на постапката за добивање на потребните информации за извод од план, со цел граѓаните да можат сами по електронски пат да извршат увид во состојбата на нивните парцели.

Во соопштението од оваа локална самоуправа се наведува дека целта на овие средства е во иднина да продолжиме со грижата за граѓаните и, како што велат оттаму, да создадеме услови за подобар и достоинствен живот.

– Доаѓа период на многу работа и реализирани проекти. Граѓаните може да очекуваат реализација на проекти низ целата територија на нашата општина, соопштија од Општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK