Во фоајето на НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, денеска беше отворена изложба на ликовни творби, од ученици од профил – графички дизајнер при СОУ “Перо Наков” – Куманово.
Изложбената поставка е инспирирана од великаните на шпанското сликарство, уметници кои твореле низ повеќе временски циклуси и кои зад себе оставиле трајни вредности низ животниот творечки опус.
Пред љубителите на уметноста и претставници од повеќе институции, културно – уметничкиот настан го отвори Амбасадорот на Кралството Шпанија во РС Македонија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортис, кој се обрати пред пред присутните, нагласувајќи ја културната релација меѓу двете пријателски земји.
The post “Шпанска инспирација” – изложба на уметнички дела first appeared on Општина Куманово.