Шаќири: Се реализираат проекти за подобрување на условите во образовните институции во Дебар

uchilishte debar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за образование и наука (МОН) реализира или во тек на реализација има проекти насочени кон подобрување на условите во образовните институции во општина Дебар, објави денеска на Фејсбук министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

Како што информира министерот, во Дебар завршени се зафати во ООУ „Пенестија”, изработена е фасада и изградени се санитарни јазли за ученици со посебни потреби. Во истото училиште започнува и реконструкција на спортската сала.


Тој додаде дека во тек се работите во подрачното училиште во најголемото дебарско село Могорче, кое функционира во рамките на ООУ „Ристе Ристески“ во селото Долно Косоврасти.

– Во тек е реконструкција на фасадата, санитарните јазли и пристапна рампа за деца со посебни потреби. Министерството за образование и наука обезбеди 44 милиони денари за овие активности. Се прават планови и за работа во ООУ „Саид Најдени“ во градот, наведува Шаќири.

Во ООУ „Пенестија”, најголемо училиште во поширокиот дебарски регион,  настава на македонски и албански наставен јазик следат 970 ученици, додека во подрачното училиште во Могорче,  настава на македонски наставен јазик следат 220 основци.
Во ООУ „Саит Најдени” настава се изведува само на албански наставен јазик и истата ја следат околу 500 ученици.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK