Поради лошите временски услови-дождот кој попладнево почна да врне, проекцијата на серијалот „Црвениот поет“ посветен на Коста Солев Рацин наместо првичната најава на отворено во амфитеатарот на Младинскиот парк, за вечерва е презакажана и ќе се одржи во 20:30 часот во големата сала на Театарот „Јордан Хаџи Константинов -Џинот” во Велес. Влезот е слободен, информираа од Општина Велес.
Серијалот „Црвениот поет“ посветен на поетот и револуционер Коста Солев Рацин. е во продукција на „Сектор филм“ сценариото е на Сашко Насев,режија на Никола Поповски. Општина Велес ги обезбеди авторските права за ТВ серијата снимана во 2016 година, а која досега не е емитувана на националните телевизии..Освен вечерва и во вторник и среда ќе има проекции од по неколку епизодо,во серијата која има 10 епизоди
Од Општина Велес ги повикуваат сите заинтересирани да дојдат и бесплатно да ја видат оваа интересна серија посветена на големиот велешки и македонски поет познат насекаде во светот по неговите „Бели Мугри“,преведена на сите светски и голем број други јазици.
Во серијата главниот лик на Коста Солев Рацин го игра актерот Александар Ристоски.
Проекцијата е дел од програмата на годинашните јубилејни 60. Рацинови средби во Велес.