Семинар на тема “Моќ на неформалното еколошко образование”

474868815_959230869636129_7419820977680831966_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамките на проектот “Еко патрола за еколошки цели” денеска во Занаетчиски дом се одржа семинар на тема “Моќ на неформалното еколошко образование”. Споменатиот проект е имплементиран од Невладина младинска организација “Креатор” – Куманово, како и во пет европски земји, финансиран од ЕУ. Тема на проектот е еколошка едукација, а крајниот резултат е објавување на Прирачник за неформално еколошко образование, како и формирана “Еко патрола” на ниво на град Куманово, во која членуваат 30 средношколци.

Денешниот семинар е во организација на “Креатор”, на кој учествуваа околу 60 наставници и младински работници од североисточниот регион, кои сакаат да воведат иновации на часовите, применувајќи неформални методи на работа. Присутните преку панел дискусија и практична работилница се запознаа со иновативни методи со фокус на екологијата, а им беа доделени и сертификати за учество.


На семинарот присуствуваа претседателката на Совет на општина Куманово Ѓорѓиевска и раководителот Крстевски.

The post Семинар на тема “Моќ на неформалното еколошко образование” first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK