– Во Берово започна реконструкцијата на локален пат, за пристап до земјоделско земјиште до туристичката населба Абланица.
Со проектот како што информираа од Општината ќе се изврши чистење и тампонирање на постоечката траса на земјениот пат, до туристичка населба Абланица, од мостот кај река Брегалница, до влезот во туристичката населба.
-Реконструкцијата се одвив во должина од околу 857 метри. Активноста се реализира во рамки на Програмата за рурален развој, мерка 124- Инвестиции во инфраструктурата за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството, подмерка 124.3 – Инфраструктура за прстап до земјоделско земјиште, врз основа на Програмата за финансиска поддршка за рурален развој, започна реконструкцијата на локален пат, за пристап до земјоделско земјиште, до туристичката населба Абланица, информираа од Општината.
Овој пат е многу важен, а неговата реконструкција е од големо значење за жителите, при што ќе им се олесни пристапот до нивните земјоделски имоти, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој изврши увид во работите.
За патот од Буџетот на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој обезбедени се вкупно 999.771,00 денари.