Се расчистуваат дивите депонии во ᴏпштините Чаир и Бутел

otpad1-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 100 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Бутел и Чаир, информира Комунална хигиена-Скопје.


Подигнати се приближно 70 кубни метри отпад од обемната дива депонија лоцирана на улицата Боца Иванова, на последната постројка на автобусот 59, во непосредна близина на градските гробишта Бутел.

Се интервенираше и на улиците Прохор Пчински и Струмичка во општината Чаир, каде што се отстранети 30 кубни метри непрописно одложен отпад, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Како што известуваат од таму, активностите за расчистување на дивите депонии во општините Бутел и Чаир ќе продолжат и во текот на денешниот ден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK