Се обновува регионалниот пат Штип – Ново Село

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за одржување на магистралните патишта Костадин Ацевски денеска извршија увид на градежните активности за рехабилитација на регионалниот пат Ново Село-Штип, делница транзит Штип.

Инвестицијата изнесува 11 милиони денари, средства од буџетот на ЈП за државни патишта. Предвидена е рехабилитација на површина од 6.055 метри квадратни, со ширина на патот од 6,8 метри.


-Со директорот Ацевски сме во Штип каде започнуваме со реконструкција на транзитот низ Ново Село, патен правец кој го поврзува градот со новиот експресен пат кон Радовиш. Ова е продолжение на реконструкцијата на транзитот низ Штип што го рехабилитиравме минатата година, за што инвестиравме преку 42 милиони денари, изјави Бочварски.

Во Штип, дополни министерот, Владата инвестираше значајни средства и реализираше многу проекти. Го поврзавме Штип со два нови експресни патишта, кон Радовиш и кон Кочани, преку Министерството за транспорт и врски инвестиравме над 50 милиони денари за рехабилитација на неколку улици низ градот, активно ја градиме браната на река Отиња, а ја завршивме изградбата на водоводните системи во населбите Блок 77, Каваклија и Македонка.

Директорот на ЈП за одржување на магистралните патишта Ацевски, истакна дека претпријатието работи на санација на патиштата во сите региони во државата, а во следниот период посебен фокус ќе стави на рехабилитација на патиштата оштетени од невремето што ја погоди државата изминатиов период.

-Денеска ја започнуваме рехабилитацијата на овој правец значаен за штипјани. Инвестираме 11 милиони денари и очекувам дека реконструкцијата ќе ја завршиме за две недели. Работиме интензивно во сите региони реализирајќи ја програмата на Јавното претрпијатие за оваа година. Фокус во наредниот период ќе ставиме на рехабилитација на патиштата кои се оштетени од поројните дождови, истакна Ацевски

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK