Се надградува и поправа патот Р2137 Неготино – Дуброво – Војшанци, информираше денеска пратеничката од редовите на СДСМ Лолита Ристова.
– Посебно сум горда што наидов на разбирање за решавање на овој патен правец, пред надлежните во ЈПДП и „Македонија пат“. Работите се реализираат во должина од 5.600 метри, со поставување на порамнителен и завршен слој на асфалт, со средна ширина на коловоз од 5.5 метри. Вкупната вредност на овој зафат изнесува 75 милиони денари. Инвеститор е ЈП за државни патишта, соопшти таа на својот фејсбук-профил.
Изведувач е ЈП „Македонија пат“.