„Розев октомври“ е меѓународна, здравствена кампања со цел да се зголеми свесноста за болеста- за важноста на превенцијата и редовните прегледи за рана дијагноза на рак на дојка. Како дел од кампањата, 15 октомври е Европскиот ден на ракот на дојка, симболизиран со розова лента.
Чести знаци и симптоми:
– грутка или оток во дојката, горниот дел на градите или под пазувите;
– промена на кожата, како вдлабнатини или собирање;
– промена на бојата на дојката;
– промена на брадавицата, на пример, кога таа се вовлекува;
– осип, кора или промени околу областа на брадавицата;
– каков било необичен течен исцедок од брадавиците;
– промени во големината или обликот на дојката;
– болка во дојките во текот на целото или поголемиот дел од времето.
Одвој неколку минути за да ги провериш твоите гради! Редовното следење може да ти помогне да ги забележиш промените:
ДОПРИ – Дали чувствуваш нешто необично?
ПОГЛЕДНИ – Дали гледаш некои промени? Дали нешто изгледа различно?
ПРОВЕРИ – Ако забележиш некакви промени, посети го твојот матичен лекар за проверка!