„Рома Труба Фест“ на градскиот плоштад во Куманово

truba fest kumanovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кумановци вечерва и утре ќе уживаат во звуците на трубата на 18-тиот по ред фестивал „Рома Труба Фест“, во организација на ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шаќир“.

Дводневниот фестивал ќе почне вечерва на градскиот плоштад во Куманово.


– Интензивно се подготвуваме, бината е веќе наместена, се средуваат последните детали за почеток на 18-тото издание на фестивалот. Секоја година имаме сè повеќе посетители, очекуваме и годинава добар одѕив, изјави директорот на фестивалот, Самет Салиевски.

На фестивалот ќе настапат оркестри, групи, изведувачи од државата и соседните Србија и Бугарија.

Вечерва ќе настапат Адил Максутовиќ, „Пиротски трубачи“, Исидор Зечировиќ и „Сложни браќа“ „Бертан“. Утре, пак ќе настапат „Силви бенд“ о оркестарот на Демир Кантуровски на Кристијан Азировиќ од Србија, „Браз Бенд Ромален“ и оркестарот „Браз Фантази Левис“ од Виница.

– И годинава финансиска поддршка добивме од Министерството за култура и Општина Куманово, изјави Салиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK